Челзи потрошил најмногу пари во 21 век, веднаш зад него е Манчестер сити

Англиските клубови се најголеми трошаџии во 21 век, а на врвот на листата е Челзи, соопшти агенцијата „Тасс“ водејќи се по листата добиена од „Трансфермаркт“.

Лондонскиот клуб од 2003 година е во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович, а според пресметката од сезоната 2000/01 досега, Челзи има потрошено 2,4 милијарди евра за доведување нови фудбалери.

На второто место е уште еден англиски клуб, и тоа Манчестер сити. Граѓаните имаат потрошено 2,3 милијарди евра, додека третото и четвртото место го делат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона со потрошени 2,2 милијарди евра.

Со потрошени над две милијарди евра се уште и Јувентус (2,1 милијарди евра) и Манчестер јунајтед. Во Топ 10 место има уште и за: Интер (потрошени 1,7 милијарди евра), ПСЖ (1,7 милијарди евра), Ливерпул (1,6 милијарди евра) и Милан со потрошени 1,5 милијарди евра.

Челзи, кој е најголем трошаџија, во изминативе 20 години има освоено пет титули во Премиер лигата, петпати го освои Купот на Англија, трипати се радуваше на Лига купот, трипати го освои Суперкупот на земјата, а по двапати беше првак во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа. Последнит трофеј го освои пред неколку месеци, кога во клупските витрини го доведе пехарот од Суперкупот на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести