Челзи преку продолженија до четвртфинале на ФА купот (Видео)

Фудбалерите на Челзи многу потешко од очекуваното дојдоа до пласман во четвртфиналето од англискиот ФА куп. Премиерлигашот беше голем фаворит против членот на Чемпионшип дивизијата, Рексам, но до пласман меѓу најдобрите осум екипи во најстарото натпреварување во светот дојде дури после продолженијата од двапати по 15 минути.

Второлигашот поведе преку Смит во 18-тата минута, а Оконкво си постигна автогол во 40-тата минута. Домашните преку Дојл повторно дојдоа во водство во 78-мата минута, но Челзи се спаси од елиминација во 82-рата минута со голот на Ачемпонг.

Во продолженијата прво погоди Гарначо во 96-тата минута, а во 114-тата беше поништен гол за домашните поради офсајд. Конечните 2-4 за Челзи ги постави Жоао Педро во 125-тата минута.

Со тоа Челзи им се придружи на Ливерпул и Арсенал во четвртфиналето од ФА купот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести