Челзи претстави ново засилување: Португалски дефанзивец пристигна во Лондон

Екипата на Челзи преку социјалните мрежи го претстави новото засилување за следната сезона. Се работи за 21-годишниот португалец, Ренато Веига, кој за 14 милиони евра пристигна од екипата на Базел. Она што е интересно за овој португалец е тоа што иако млад, веќе ќе игра фудбал во четврта држава во својата кариера.

Веига потекнува од Спортинг Лисабон, од каде минатата година беше позајмен во Аугсбург, а потоа и продаден на Базел за 4.6 милиони евра. Португалецот со Челзи потпиша договор на седум сезони, со можност за продолжување за уште една година.

Ренато Веига настапува како последен играч за врска, но може да игра и како централен дефанзивец. Преку настапите во Челзи ќе чека и дебитантски повик во репрезентацијата на Португалија.

- Оглас -

Најнови вести