Челзи разочара и со тим што е поскап за над 250 милиони евра, Фулам лесно им парира (Видео)

Три големи засилувања од вкупно 8 што ги купи Челзи во зимскиот преоден рок играат вечерва за Сините на „Стемфорд Бриџ“ против Фулам, но значаен напредок кај домаќините нема, барем според впечатокот во првото полувреме, кое заврши без голови.

Деби настап има Енцо Фернандес, кој го урна англискиот рекорд со трансфер тежок 121 милиони евра, а во првиот состав се и Михајло Мудрик, кој беше платен 100 милиони евра и Бењоа Бадијашил за кога сопственикот Тод Боели плати 37 милиони евра, или сите тројца заедно со вкупна вредност од 258 милиони евра.

Мудрик и Бадијашил дебитираа претходно за Челзи, а дебитант е само најскапиот играч во историјата на англискиот фудбал, Фернандес.

Челзи ја имаше најубавата шанса во последните моменти од првото полувреме кога Каи Хаверц го лобуваше Лено, но гостите ја исфрлија топката од самата гол-линија.

Челзи го почна градското дерби на Лондон како десетопласиран тим со 29 бода, а Фулам е седми во Премиер лигата со 31 бод.

 

 

- Оглас -

Најнови вести