1001 – Челзи – Лутон (21:00)
Екипата на Челзи имаше лош старт на новата сезона во Премиер лигата, а дебитантот Лутон е убава можност за прва победа. Избраниците на Покетино на почетокот одиграа нерешено против Ливерпул, а потоа загубија од Вест хем, додека Лутон одигра само еден натпревар, на кој загуби од Брајтон. Челзи и Лутон последните години имаат одиграно само два натпревари, и тоа во ФА купот на Англија, а екипата од „Стемфорд бриџ“ двапати беше поуспешна. Последниот првенствен натпревар помеѓу овие две екипи е во далечната 1991 година, кога Лутон победил со 2-0.
Предлог тип: 1 & 3-5 (2.01)
1302 – Селта – Реал Мадрид (21:30)
Реал Мадрид одлично ја започна новата сезона и забележа две победи на исто толку натпревари. На другата страна, екипата на Селта освои само бод. Кралевите имаат одлична традиција против денешниот противник. Реал Мадрид забележал победи на последните шест меѓусебни натпревари, а има серија од пет победи на гости во Виго. Екипата на Селта последен пат се радувала на победа против Реал во 2014 година.
Предлог тип: Х2 & 3+ (2.13)
1801 – Лајпциг – Штутгарт (20:30)
Екипата на Лајпциг никогаш во историјата нема загубено од Штутгарт на досегашните десет натпревари кои ги имаат одиграно. Дури осум натпревари завршиле во корист на Лајпциг, додека двапати било нерешено. Интересно, на сите пет натпревари на коишто Лајпциг бил домаќин успеал да забележи победа.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.07)
1811 – Шалке – Холштајн Кил (18:30)
Шалке имаше лош старт на сезоната, во која амбициите се враќање во Бундеслигата. Екипата од Гелзекирхен освои само три од можните 9 бода, а денешниот дуел против Холштајн Кил е убава можност за нови бодови. Овие две екипи имаат одиграно само четири меѓусебни натпревари, а Шалке победил трипати. Еден натпревар, оној последниот завршил нерешено, 1-1.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.25)
1051 – Рочдејл – Бромли (20:45)
Рочдејл имаше многу подобар старт на сезоната од Бромли и оправдано влегува со фаворитската улога на денешниот меч. Домашните имаат шест бода, додека гостите само два и се на дното од табелата. Овие две екипи имаат одиграно само еден меѓусебен натпревар, и тоа пред шест години во ФА купот, кога Рочдејл победил на домашен терен со 4-0.
Предлог тип: 1Х & 3+ (2.30)