Челзи речиси и да нема шанси против Арсенал, Барселона и Јувентус во мала предност

Играчите на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, само за 24 часа одлучија кои се фаворитите според нив за претстојниот викенд.

На најинтересниот меч од Премиер лигата, дури 68% од играчите предност му даваат на Арсенал, наспроти 10% за Челзи. Барселона е во мала предност во дербито во шпанската Ла Лига. Дури 44% предност им даваат на Каталонците, додека 24% веруваат во победа на Атлетико Мадрид.

Слично како и Барселона, во мала предност е и Јувентус на гостувањето кај Фиорентина со 43%, а дека бодовите ќе останат во Фиренца, веруваат 18% од типувачите на Спортската прогноза.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести