Челзи речиси три децении немал толку лоша низа во Премиер лигата

Челзи се наоѓа во сериозна резултатска криза, а убедливиот пораз од 0-3 на домашен терен од Манчестер сити само ја потврди лошата форма на тимот. Со овој резултат Сините од Лондон израмнија негативна серија што не е видена од 1998 година, откако по третпат едноподруго во Премиер лигата останаа без постигнат гол.

Иако во првото полувреме на „Стемфорд Бриџ“ се обидуваа да парираат, избраниците на Лијам Розениор целосно попуштија во продолжението, дозволувајќи му на Манчестер сити да доминира. Ова беше трет последовен првенствен пораз, по неуспесите против Њукасл и Евертон, а неефикасноста повторно ги отвори старите проблеми во нападот.

За да се најде ваква црна серија, мора да се врати времето речиси три децении наназад. Тогаш Челзи редум губеше од Арсенал (0-2), Лестер (0-2) и Манчестер јунајтед (0-1), без освоен бод и без ниту еден постигнат погодок во три натпревари по ред.

- Оглас -

Најнови вести