Челзи сака да доминира во Англија и Европа, подготви 100 милиони евра за највредниот играч на Јувентус

Актуелниот европски првак Челзи сака да доминира во Англија и на Стариот Континент, а веќе подготви понуда од 100 милиони евра за највредниот играч на Јувентус, Федерико Кјеза.

Според „Калчомеркато“, управата на Челзи му дозволила на Тухел да се обиде да го донесе 24-годишниот офанзивец на Старата дама и на италијанската репрезентација.

Кјеза игра извонредно во континуитет, беше меѓу најдобрите со составот на новиот првак на Европа, Италија, па и не чуди високата понуда што ја подготвува Челзи.

Но, најпрво Јувентус ќе треба да реагира и да ја плати отштетната клаузула за Кјеза, а тоа ќе ги чини 40 милиони евра, а парите ќе ги добие Фиорентина.

Кјеза сè уште има статус на позајмен играч во Јувентус од Фиорентина, а Старата дама одигра брилијантно лани во октомври, кога договори клаузула за откуп на договорот за 40 милиони евра.

Моментно, барем според понудата на Челзи, Федерико чини два и пол пати повеќе, а можно е и да има уште повисоки понуди бидејќи има уште неколку заинтересирани гиганти за ангажман на репрезентативецот на Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести