Челзи и Манчестер јунајтед би можеле да реализираат изненадувачка размена на играчи, во која би биле вклучени Кристофер Нкунку и Алехандро Гарначо.
Аргентинското крило не се вклопува во плановите на новиот менаџер на Црвените ѓаволи, Рубен Аморим, со кого наводно влегол во конфликт кон крајот на минатата сезона. Јунајтед веќе му бара нов клуб, а интерес од страна на Челзи постоеше уште во јануари, па не е чудно што Сините од Лондон сакаат да ја искористат ситуацијата.
Од друга страна, Нкунку не успеа да се избори за стартна позиција во тимот на Енцо Мареска. Францускиот офанзивец добиваше шанса претежно во натпреварите од Конференциската лига, а во Премиер лигата стартуваше само деветпати и постигна три гола. Неговиот договор со Челзи важи до 2029 година.
Според информациите на француски „Л’Екип“, претставници на Манчестер јунајтед веќе се сретнале со агентите на Нкунку. Клубот веќе го донесе Матеус Куња, а испрати и нова понуда за напаѓачот на Брентфорд, Брајан Мбеумо.
Засега нема официјална понуда до Челзи за Нкунку, кој пристигна на „Стемфорд бриџ“ во летото 2023 година за 53 милиони фунти.