20.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Челзи се засили со младински репрезентативец на Португалија од Бенфика

Екипата на Челзи го обезбеди потписот на младинскиот репрезентативец на Португалија, Диего Мореира. Тој со клубот од “Стемфорд Бриџ“ потпиша договор до 2028-мата година, а Бенфика не доби ништо по основ на обесштетување.

Фудбалерот има потекло од Гвинеја Бисао, а поседува и државјанство на Белгија, каде и ја почна својата кариера во Стандард Лиеж. Сепак, Мореира се одлучи да настапува за репрезентацијата на Португалија, а неговата моментална вредност според Трансфермаркет е 2 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести