Екипата на Челзи со 2:0 го победи Кристал Палас и си обезбеди место во финалето на ФА Купот. Актуелниот европски првак имаше тешка недела, бидејќи играше и против Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампиони, но успеа да собере сили и да го победи градскиот ривал за место во финалето во најстарото клупско фудбалско натпреварување во светот.
Лофтус-Чик погоди за 1:0 во 65 минута, а 10 минути подоцна прецизен беше и Моунт за 2:0, што беше доволно за мирна завршница. За Челзи ова ќе биде трето финале во низа во ФА Купот, а таму ги чека големиот ривал Ливерпул.
Финалето ќе се игра на 14 мај на „Вембли“ во Лондон.