13.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Челзи славеше на теренот на Нотингем, сега се чека одлука за отказ на тренерот (Видео)

Челзи триумфално си замина од гостувањето кај Нотингем форест победувајќи убедливо со 3:0, во првиот меч од осмото коло во Премиер лигата. Со оваа победа Челзи сега стигна до 14 бодови и се искачи на четвртото место на табелата, со само два помалку од Арсенал кој го очекува дуел со градскиот ривал Фулам.

За разлика од Челзи, Нотингем продолжува со очајните резултати. Ова е петти пораз во последните шест кола и сега се очекува тренерот Анге Постекоглу ќе добие отказ. Овој тренер дојде пред само два месеци со надеж дека ќе го врати Нотингем на победнички патеки, но наместо тоа, се случи обратното и Нотингем тоне на табелата.

Во второто полувреме беа постигнати сите три голови за Челзи. Младиот Џош Ачеампонг ќе го памти овој меч затоа што во 49 минута го постигна првиот погодок во сениорската конкуренција.

Неполни три минути по првиот гол, следуваше и нова радост за гостите. Педро Нето кој асистираше за првиот погодок, овојпат со прекрасен шут од далечина зголеми на 2:0.

До крајот на средбата, триумфот на Челзи го потврди и Рис Џејмс со погодокот во 84 минута за конечни 3:0.

- Оглас -

Најнови вести