4.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Челзи славеше на теренот на третолигашот и ќе игра во полуфиналето на Лига купот (Видео)

Челзи е првиот тим кој обезбеди место во полуфиналето на Лига купот во Англија откако со 3:1 славеше на гостувањето кај Кардиф. Фаворизираниот гостин од Лондон се намачи, но на крајот не дозволи изненадувања и оди меѓу најдобрите четири во ова наптреварување.

По првото полувреме немаше голови, а серијата погодоци ја отвори Гарначо со погодок во 57-мата минута.

Сепак, третолигашот Кардиф не се предаде. Се играше 75-тата минута кога домаќините создадоа одличен напад и успеаја да израмнат на 1:1.

Нерешено беше до 82-рата минута, кога Педро Нето беше спасител на Челзи и постигна гол за 2:1 и тој погодок може да го видите ТУКА.

Во судиското надополнување Челзи постигна и трет гол, и тоа преку оној кој ја започна серијата погодоци, Гарначо.

- Оглас -

Најнови вести