Челзи славеше во Копенхаген, Фиорентина загуби во Атина (Видео)

Челзи забележа важна победа на гостувањето кај Копенхаген (1-2) во осминафиналето на Конференциската лига и со предност ќе го дочека реваншот на „Стемфорд Бриџ“. Сините од Лондон се мачеа против добро организираниот домаќин, а првиот дел заврши без голови.

Рис Џејмс го скрши отпорот на Данците во 47-та минута со гол за 0-1, а Енцо Фернандез го удвои водството. Копенхаген се врати во игра преку Габриел Переира, кој погоди во 80-та минута, но немаше сили за целосен кам-бек.

Фиорентина претрпе изненадувачки пораз од Панатинаикос со 3-2 на „Олимпискиот стадион“ во Атина. Домашните поведоа преку Свидерски и Максимовиќ во петтата и во 19-та минута, но Белтран и Фаџоли израмнија за само неколку минути. Тете во вториот дел донесе победа за грчкиот тим.

Бетис одигра 2-2 против Викторија Гимараеш на „Бенито Виљамарин“. Бакамбу донесе предност за домашните, но Мендес израмни. Иско повторно го доведе Бетис во водство, но Оливеира во финишот донесе реми.

Молде славеше против Легија со 3-2. Хестад, Ериксен и Гулбрандсен погодија за домашните, додека Чодина и Лукинас намалија за гостите, но немаа сили за израмнување.

Реваншите се играат следната недела.

- Оглас -

Најнови вести