„Деко лесно паѓа, а Роналдињо е измамник. Меси е неверојатен во игра еден на еден. Ако како опција се бара прекршок, тоа треба да се направи порано. Тој неодамна беше повреден“, е само дел од скаутинг-извештајот на Челзи пред мечот со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите во 2006 година. Овие скрипти се објавени на „Перформанс-анализа во акција“.
Англиските медиуми пишуваат дека тоа е скаутинг на тогашниот тренер на Челзи, Жозе Мурињо, но португалскиот менаџер жестоко демантираше.
„Жал ми е што ќе ги разочарам сите оние кои мислат дека јас сум го пишувал овој извештај бидејќи не е така. Последната анализа која ја имам правено е од сезоната 1999/2000. Моите анализи, за разлика од овој извештај, никогаш не биле јавни. Тие ми помагаа да се подготвам за тренинг и за мечевите. Службените анализи секогаш ги прават аналитичарите и помошниците, а јас никогаш“, рече Мурињо.
Full Jose Mourinho Scouting Report on FC Barcelona from 2005/2006. Amazing the amount of detail that Mourinho and Andre Villas Boas would go into to prepare for the next opponent..Enjoy it's not everyday that this information is shared with the public! #DetailsMakeTheDifference pic.twitter.com/JAGO0sRDx6
— AnalysisLab (@AnalysisLab1) March 16, 2019
Иако Мурињо тврди дека никогаш не правел анализи и извештаи за играчите на Барселона, многу веројатно е дека овој извештај го имал на своето биро, односно да го правеле некои од неговите помошници. Тоа го покажува и текот на мечот, поради начинот на којшто се однесуваа дел од играчите на Челзи. Уште од првата минута започнаа со остри стартови врз Меси.
„Исклучиво игра со лева нога. Квалитетен е и брз. Неверојатен во игра еден на еден. Ако како опција се бара прекршок, тоа треба да се направи порано. Тој неодамна беше повреден“, стои во анализата. Дали е случајно или не, но играчит на Челзи, Дел Орно во 37-мата минута остро стартуваше над Меси и за тоа доби директен црвен картон.
Меси и Ето биле означени како лидери на тимот, Пужол како лош лидер на теренот, кој лошо знае да се снајде во простор. Рафаел Маркез дека е најголемиот глумец, дека сите играчи на Барселона сакаат да симулираат пенал или фаул, а Роналдињо како измамник.
Оваа анализа на Челзи на крајот не помогна многу бидејќи Барселона победи со 2-1 на „Стемфорд бриџ“, на реваншот на „Камп ноу“ мечот заврши 1-1, а Каталонците поминаа понатаму. Таа сезона Барселона стана и европски првак.