Челзи руши рекорди по суми на пари потрошени за доведување засилувања и многумина се прашуваат како е можно да трошат толку, а да не се прекршува финансискиот ферплеј.
Американските сопственици на клубот, предводени од Тод Боли, во последните три преодни рока потрошија речиси 1 милијарда евра. Клубот игра само во домашното првенство, но играчкиот состав постојано го освежуваат нови имиња.
Многумина играчи и си заминаа, но само благодарение на една финта која се применувала и во САД во бејзбол лигата (Боли е газда и на ЛА доџерс од МЛБ-лигата во бејзбол), Челзи работи законски и не го прекршува финансискиот ферплеј.
Тактиката е следна и опасна: сите играчи имаат договори на многу долг рок, па така расходите се делат на повеќе рати и годишните трошоци им се помали. Опасноста по клубот е затоа што на пример Украинецот Мудрик има договор на осум и пол години, а веќе го сметаат за утната инвестиција која сега може осум години да зема плата и да си седи на клупа.
УЕФА сфати дека има дупка во законот, па од следниот преоден рок го ограничи периодот најмногу на пет години за плаќање на рати.