На екипата на Челзи не ѝ цветаат рози во Премиер лигата, но финалето во ЕФЛ купот, односно Лига купот на Англија, веројатно за нив е единствената шанса за трофеј и излез на европска сцена следната сезона.
На првиот натпревар Челзи изненадувачки загуби од Мидлсборо со 1-0, но на реваншот на „Стемфорд бриџ“ му наплати со камата на противникот и го победи со 6-1. Победникот и патникот во финалето беше решен уште во првото полувреме, по кое Челзи имаше водство од 4-0.
Кол Палмер беше стрелец на два погодока, додека Аксел Дисаси, Енцо Фернандес и Нони Мадуеке по еднаш погодија во мрежата на Мидлсборо. Првиот погодок на мечот беше автогол на Џонатан Ховсон. Почесниот погодок за членот на Чемпионшип дивизијата беше дело на Морган Роџерс.