5.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Челзи со луд пресврт до триумф против Вест хем (Видео)

Челзи ја продолжи победничката серија под водство на Лиам Розениор и ја забележа третата последовна победа, откако во возбудливо лондонско дерби направи целосен пресврт против Вест хем и славеше со 3-2 на „Стемфорд Бриџ“.

Вест хем максимално ги искористи своите шанси, Боувен погоди рано, а Самервил ја удвои предноста за 0-2 до паузата. Дополнителен удар за Челзи беше повредата на младиот Гитенс, кој мораше да го напушти теренот уште во 26-тата минута.

Продолжението донесе сосема поинаква слика. По трите измени на полувреме, Челзи целосно ја презеде контролата и притисокот брзо даде резултат. Жоао Педро намали во 57-та минута, а Кукуреља во 70-та минута го врати резултатот во рамнотежа.

Кога изгледаше дека мечот оди кон реми, повторно блесна Жоао Педро со асистенција за Енцо Фернандеа, кој го постигна победничкиот гол за 3-2 и донесе ерупција од радост на трибините.

Со новите три бода Челзи се искачи на четвртото место на табелата со два бода предност пред Манчестер јунајтед, додека Вест хем останува во опасната зона, пет бода зад Нотингем Форест, но со натпревар повеќе.

- Оглас -

Најнови вести