37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Челзи со нов англиски рекорд, Јувентус напредуваше во однос на последните три години

Победата на Челзи од 2:0 против Лил донесе и еден интересен рекорд. Челзи е првиот англиски клуб кој успеал на свој терен да победи во пет меча по ред во Лигата на шампионите, и тоа без да прими гол.

Оваа низа започна минатата сезона, кога во полуфиналето од ЛШ, Челзи на „Стемфорд бриџ“ славеше со 2:0 против Реал Мадрид. Низата продолжи оваа година во групната фаза, кога Челзи пред своите навивачи ги победи Јувентус (4:0), Малме 4:0 и Зенит со 1:0. Вечерва по петти пат во низа Челзи славеше дома, и тоа над Лил со 2:0.

Јувентус одигра нерешено 1:1 на гости кај Вилјареал, но и тоа е успех за Старата дама, ако се знае дека во претходните три сезони, во првиот меч од нокаут-фазата италијанскиот тим губеше.


- Оглас -

Најнови вести