28.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Челзи со помош на ВАР дојде до спас во последен час, Волците немилосрдни кон Пчелите

Челзи го победи Кристал палас со 2-1 во интересен лондонски дуел од Премиер лигата и меч на кој судиите во ВАР-собата имаа влијание врз исходот.

При резултат 1-1, најпрвин му беше оправдано поништен гол на Џексон, а потоа во 88-мата минута ВАР одлучи во полза на Сините и беше досуден пенал кој судијата не го виде во прв момент. Мадуеке погоди и тоа се покажа како победнички гол.

Палас има серија од осум мечеви по ред во Премиер лигата без победа, а Челзи, кај кого фалеа дури десетмина играчи, со новите три бода е десетти на табелата.

Немаше неизвесност на другиот меч кој се играше во исто време, Вулверхемтон го победи Брентфорд со 4-1. Пчелите имаат четири порази по ред.

- Оглас -

Најнови вести