Во драматичен меч Челзи славеше со 2:1 над Вест хем во меч од 24-тото коло во Премиер лигата. Со оваа победа Челзи стигна до 43 бода и се искачи на четвртото место на табелата, додека Вест хем остана на 15-тата позиција со 27 бода.
Победата на Челзи е со пресврт во второто полувреме откако Чеканите први се израдуваа, и тоа на голот на Бовен во 42-рата минута.
Во вториот дел Челзи заигра поофанзивно, и тоа резултираше со два погодока. Најпрво Нето погоди за 1:1 во 64-тата минута, а 10 минути подоцна, по шутот на Палмер, блокираше Ван-Бисака, а топката заврши во мрежата, за голема радост на домашните фанови на „Стемфорд Бриџ“.