Челзи со тешка мака го победи Вест Хем – Исчезна пенал-магијата на Жоржињо

Челзи го победи Вест Хем со 1:0 во дербито на Лондон од 34-то коло во Премиер лигата и со тоа се зацврсти на третата позиција.

Кристијан Пулишиќ даде гол во 90-та минута, откако само неколку мигови претходно, Жоржињо промаши уште еден пенал, а со тоа станува јасно дека и неговата пенал-магија со потскокнување не è е функционална и голманите имаат решение за нејзе.

На пеналот му претходеше црвениот картон на Крег Досон кој направи остар старт во казнениот простор.

Челзи сега има 65 бодови ѝ е безбеден на треттото место, додека Верст Хем остана на бројката од 52 бода, што во моментов е доволно за позицијата под број седум.

ПРЕМИЕР ЛИГА

Брајтон – Саутемптон 2:2

Барнли – Вулверхемптон 1:0

Челзи – Вест Хем 1:0

- Оглас -

Најнови вести