Челзи спои три победи, но ваков меч нема одиграно пет месеци

По серијата од шест меча без победа, тимот на Челзи полека влегува во форма. Лондонскиот премиерлигаш за само осум дена спои три триумфи што е нивна најдобра низа во последните пет месеци.

Освен што се во одлична форма, Челзи денеска со победата од 3:1 против Лестер, покажаа дека се и во голгетерски ритам. Клубот кој потроши преку 300 милиони евра за нови играч во јануарскиот преоден рок, за прв пат по повеќе од пет месеци постигнува три гола на еден натпревар.

Последен пат Челзи тоа го имаше направено на „Стемфорд Бриџ“ против Вулверхемптон против кој славеше со 3:0 на 8 октомври минатата година.Од тој меч поминаа 26 дуели во сите натпреварувања на кои Челзи немаше дадено три погодоци во противничката мрежа, а таа низа заврши денеска кај Лестер.

- Оглас -

Најнови вести