18.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Се стега обрачот за европскиот првак – Челзи стави клуч на фан-шопот на „Стемфорд бриџ“ (Фото)

Челзи има сè поголеми проблеми по таканаречените „руски мерки“ за еврпскиот првак што ги објави Британската влада.

Замрзнат и официјално е имотот на сопственикот Роман Абрамович и Челзи мора да живее со рестрикции до 31 мај, рок до кој финансиите во клубот се под посебен надзор.

Објавено е и дека е затворен главниот фан-шоп на клубот на „Стемфорд бриџ“, кој работел денеска до 11 часот, но веќе не е отворен за симпатизерите на клубот.

Претходно Британската влада донесе специјални мерки и режим за клубот, ги нарекоа „руски мерки“, според кои се сопрени вентилите за трошење на пари.

Челзи до 31 мај, до кога важи уредбата, може да исплаќа само плати, редовни рати за претходните трансфери на играчите, да потроши најмногу 500 илјади фунти за организација на натпреварите на домашен терен и да потроши најмногу до 20 илјади фунти за патувања на дуелите на кои ќе биде гостин.

Клубот веќе не може да продава билети и сега според најновите информации од Англија, ниту сувенири, дресови и производи со симболите на клубот преку своите официјални фан-шопови.

 

- Оглас -

Најнови вести