Англискиот премерлигаш Челзи покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао. Португалскиот репрезентативец е означен како главна цел на лондонскиот клуб за летниот преоден рок и речиси сигурно ќе испрати понуда за него, пренесува „Калчомеркато“.
Во договорот на 25-годишниот играч со Росонерите има откупна клаузула од 175 милиони евра. Сепак, се тврди дека раководството на Милан би било подготвено да го пушти и за околу 100 милиони евра ова лето.
Во Милан изгледа дека се подготвуваат за големи промени во составот, па можни се разделби со неколку важни играчи. Освен Леао, на продажба би можеле да бидат ставени и голманот Мајк Мењан, како и дефанзивецот Тео Ернандес.
Челзи внимателно ја следи ситуацијата и веќе направил први чекори кон евентуален трансфер на Леао. Лондонскиот клуб стапил во контакт со неговиот менаџер, Жорге Мендеш, и го изразил својот интерес за португалскиот ас.