Челзи уште го живее европскиот сон

Лондонски Челзи со 3-2 го совлада Нотингам форест и се израмни со шестопласираниот на табелата Њукасл, во трката за место кое носи излез во европските купови.

Форест теоретски уште нема обезбедено опстанок, но на едно коло до крајот има за дури 12 голови подобра гол-разлика од Лутон, и тешко дека може да се случи некое неверојатно чудо и Лутон да остане дел од англиската елита.

Шумарите водеа со 2-1, но Челзи со два гола на Рахим Стерлинг и Николас Џексон за две минути направи пресврт.

- Оглас -

Најнови вести