Челзи успешно стартуваше на Светското клупско првенство (Видео)

Англискиот премиерлигаш Челзи имаше успешен старт на Светското клупско првенство кое се одржува во САД. Во премиерниот настап од групата, тимот на Енцо Мареска го совлада ФК Лос Анџелес со 2-0.

За американскиот тим играа голманот Уго Лорис и напаѓачот Оливие Жиру, но Челзи сепак покажа надмоќ.

Лондонскиот тим поведе со голот на Педро Нето во 34-та минута, а триумфот го потврди Енцо Фернандес со погодокот во 79-та минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести