Огромните вложувања и менувањето на тренерите-менаџери не даваат резултат во Челзи, а лондонските Сини се во толку голема криза, што месецов немаат постигнато ниту еден гол.
Вечерва против Брајтон во Лига купот некогашниот европски првак има последна прилика да даде гол во септември. Во спротивно, ќе им се случи невиден срам, нема да може да се додели наградата за гол на месецот.
По социијалните мрежи има шеги дека голот на месецот треба да се одбере од некој гол на тренинг или од меч на У-23 тимот на Сините.
Челзи не постигнал гол уште од 30 август, во меч од Лига купот против третолигашот Вимблдон.