Челзи ја покажа силата откако убедливо со 3:0 победи на гости кај Легија во Варшава, во првиот меч од Конференциската лига на УЕФА. Овој резултат може да се каже и дека е очекуван, а Челзи сега во реваншот на свој терен ќе треба само да го потврди местото во полуфиналето во ова натпреварување.
Легија во првиот дел одолеваше на нападите на гостите, но на почетокот на второто полувреме Челзи го почна гол-шоуто. Младиот 19-годишен напаѓач Тајрик Џорџ погоди за 1:0 во 49-тата минута.
На цели 10 минути подоцна, Мадуеке зголеми на 2:0, а откако Нкунку промаши пенал во 73-тата минута, следуваше погодокот на Мадуеке за конечни 3:0.