Челзи веќе слави пласман во финале, Бетис и Фиорентина ќе одлучуваат на реваншот (Видео)

Екипата на Челзи веќе може да започне да го слави пласманот во финалето на Конференциската лига, откако со убедливи 1-4 славеше на гостувањето кај Ѓургарден.

Победникот беше решен уште во првиот дел, после кој „сините“ имаа водство од 0-2 преку Санчо и Мадуеке. Во второто полувреме Џексон постигна два гола, а Мулугета само успеа да намали на 1-4 и да го постигне почесниот погодок за домашните на овој меч.

Вториот патник во големото финале кое ќе се игра во Варшава ќе се одлучува на реваншот во Фиренца, со оглед на тоа дека Бетис има само минимални 2-1 против Фиорентина. Езалзули и Антони погодија за екипата од Севиља, додека голот надеж за Фиорентина беше дело на Раниери.

- Оглас -

Најнови вести