0.8 C
Skopje
вторник, 27 јануари 2026

Челзи вели дека Кол Палмер е „недопирлив“ и трансфер на „Олд Трафорд“ е незамислив

Кол Палмер е практично недопирлив во Челзи, пишува „Скај спортс“. Заминување во Манчестер јунајтед за него не е опција, ниту за Сините од Лондон. Палмер има договор со клубот до 2033 година.

Откако пред две и пол години пристигна од Манчестер сити, Палмер за Челзи постигна 41 гол и забележа 19 асистенции. Поради тоа, англискиот репрезентативец стана речиси „недопирлив“ во лондонскиот тим и клубот би размислил за продажба само доколку добие исклучително висока понуда.

Сепак, како што пишуваат британските медиуми, 23-годишниот играч за врска чувствува носталгија и би ја прифатил можноста да му се приклучи на Јунајтед.


Палмер се бори и со проблематична повреда на слабините, поради која оваа сезона има одиграно само 12 натпревари во Премиер лигата. Тој ја пропушти и неделната средба во која Челзи го совлада Кристал палас.

- Оглас -

Најнови вести