Челзи вложи во иднината, купи голем талент и плати по еден милион евра за секоја година

Челзи се пофали со ангажманот на големиот фудбалски талент Карни Чуквуемека и потпиша договор до 2028 година вреден 18 милиони евра за 18-годишниот играч од средниот ред.

Чуквуемека дојде во Челзи од Астон вила и има интересна приказна. Роден е во Австрија и по родителите има потекло од Нигерија, но играше за младинските селекции на Англија.

Со Гордиот Албион стана европски првак за репрезентации и играчи на возраст до 19 години и тогаш беше стрелец во финалето и беше избран во дрим-тимот на првенството, со што веднаш го сврте вниманието на големите екипи.

„Возбуден сум што станав член на Челзи. Едвај чекам да излезам на терен и да играм фудбал со новите соиграчи, сон што го сонував во последната година и, за среќа, ми се оствари“, изјави 18-годишниот талент.

Интересна е симболиката и Челзи плати 18 милиони евра за 18-годишниот играч, или по еден милион евра за секоја негова година, а ќе доплати и уште шест милиони евра како бонуси за шестгодишниот договор, или повторно по еден милион евра за секоја година.

 

- Оглас -

Најнови вести