Челзи во Бостон се загреваше за финалето во ЛЕ

По завршувањето на сезоната во Премиер лигата, Челзи се упат кон САД, каде што во кратка турнеја ги прават последните подготовки за финалето против Арсенал во Лигата на Европа. Ноќеска во Бостон, Сините триумфираа со лесни 3-0 против Њу Ингланд револушн во средбата од пријателски, но и хуманитарен карактер со двата погодоци на Баркли и еден на Жиру.

Во текот на мечот, со повреда на левата нога се здоби Рубен Лофтус-Чик, непосакуван проблем кој му создаде дополнителни грижи на Маурицио Сари. Англичанецот влезе во игра со стартот на второто полувреме, но го заврши настапот само по 24 минути.

Лофтус-Чик под водство на Италијанецот во оваа сезона се истакна како никогаш досега. Одигра голем број натпревари и во англискиот шампионат и во Лигата на Европа, a воедно тој е еден од четворицата фудбалери на Челзи со двофицрен број на погодоци во сите натпреварувања. Засега не е познато дали англискиот играч за врска ќе мора на подолга пауза и дали воопшто Лофтус-Чик ќе биде подготвен за финалето против Арсенал, кое ќе се игра во Баку, на 29 мај.

Што се однесува за хуманитарната акција под називот „Последен свиреж на омразата“, со овој меч се очекува да се соберат околу четири милиони долари кои ќе бидат наменети за организациите кои се борат против расизмот во спортскиот свет.

https://www.youtube.com/watch?v=0qnY7uaxzzI

 

- Оглас -

Најнови вести