Англискиот премиерлигаш Челзи сериозно размислува за засилување на голманската позиција и го насочи погледот кон Марк-Андре Тер Штеген од Барселона, пренесува „Скај Спортс“.
Лондонскиот клуб бара решение за проблемите на голманската позиција и го гледа Тер Штеген како идеален избор. Германецот го загуби статусот на прв голман во Барселона, а трансферот на Жоан Гарсија за 25 милиони евра ја засили тензијата во клубот.
Повредата на грбот и објавата на социјалните мрежи без известување на медицинската служба дополнително ја усложнија ситуацијата. Тер Штеген дури привремено ја изгуби капитенската лента, но подоцна му беше вратена.
Челзи размислува и за долгогодишно решение во Мајк Мењан од Милан, но германскиот репрезентативец би можел да пристигне на позајмица уште во јануари, нудејќи веднаш искусна и стабилна опција на голот.

