Кристијан Пулишиќ реагираше одлично во 14-тата минута од првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите и со прецизен удар му донесе предност на Челзи против Реал Мадрид.
Гостите од Лондон ја крунисаа иницијативата во Мадрид и први погодија, а интересно е што Пулишиќ не беше најавен како стартер, но Томас Тухел му даде можност да игра од самиот почеток.
https://twitter.com/LDNFootbalI/status/1387123212560052232?s=20
Претходно Тимо Вернер имаше одлична шанса во 10-тата минута, но не успеа да постигне водечки гол.