Челзи за 70 милиони евра го добива играчот што го сакаа Барселона и Арсенал

Барселона и Арсенал сакаа летово во своите редови да го видат Бразилецот Рафиња, но најверојатно тој ќе го облече дресот на Челзи. Офанзивниот играч кој блесна во дресот на Лидс, треба да дојде во Челзи за трансфер од 70 милиони евра, плус бонуси.

Рафиња кариерата ја започна во тимот на Аваи во Бразил, потоа играше за Виторија Гимараиш и Спортинг. Во 2019 година потпиша за Рен, а по една година се пресели во Лидс. Сега неговиот нов предизвик ќе биде настап во дресот на Челзи.

Рафиња од 2021 година е и бразилски репрезентативец и има девет настапи за националниот тим на Кариоките.

- Оглас -

Најнови вести