Челзи го совлада Вулверхемптон со 3-0 на „Стемфорд Бриџ“ во рамките на деветтото коло од Премиер лигата.
Сините рутински ја забележаа победата против тим кој до првиот примен гол беше цврст, но без сериозна опасност по голот на Роберт Санчес.
Малo Густо го постигна својот прв гол за Челзи во 51-та минута, а Жоао Педро продолжи со добрата форма и постигна голови на две последовни премиерлигашки средби.
Конечниот епилог го постави Педро Нето во 73-тата минута.
Со оваа победа, Челзи стигна до 20 поени и моментално е на второто место на табелата, додека Волците остануваат на последната позиција со само два бода.

