Лондонскиот Челзи е клубот кој потроши најмногу пари во јануарскиот преоден рок, уште ако успеат пред полноќ да го потпишат и Енцо Фернандес, тоа би било дополнително зацврстување на првото место на листата на најголеми трошаџии.
Но, сега во клубот имаат и еден проблем, дел од приновите нема да смеат да ги користат во Европа. Според правилата на УЕФА, клубовите во јануари смеат да пријават најмногу тројца нови играчи за нокаут-фазата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а Челзи има шестмина, ако го земе Фернандес, би биле седуммина.
Новаци во Челзи се: Михајло Мудрик, Жоао Феликс, Нони Мадуеке, Беноа Бадијашил, Давид Фофана и Андреј Сантос. Ако дојде и Енцо Фернандес, тогаш дури четворица од оваа листа нема да имаат право на настап во нокаут-фазата на ЛШ.