Челзи за нив плати 113 милиони евра, а сега ги врати во клубовите од кои што ги купи

Тимо Вернер се враќа во Лајпциг, клубот од кој прејде во Челзи. Така, Сините од Лондон летово се откажаа од своите скапо платени засилувања Вернер и Ромелу Лукаку, и тоа ги продадоа или позајмија во клубовите од кои ги донесоа.

Лукаку ќе игра за Интер, а Вернер за Лајпциг во кој ги имаше најдобрите игри во кариерата, иако со Челзи имаше повеќе успех, ја освои Лигата на шампионите.

Вернер сака да биде во форма за Мундијалот во Катар, и сметаше дека Лајпциг е идеално место да игра константно и да биде во добар ритам. Неговиот трансфер во германскиот тим ќе биде постојан, што значи дека не станува збор за позајмица, туку Црвените бикови ќе го откупат Тимо од Челзи и ќе го вратат дома.

- Оглас -

Најнови вести