19.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Челзи заборави да победува на дербија, на 10 бода е од ЛШ, но и од зоната за испаѓање

После поразот од Манчестер сити, екипата на Челзи се најде на 10 бода зад зоната на табелата која води во Лигата на шампионите, а истовремено имаат 10 бода плус во однос на тим кој е во зоната на испаѓање.

За Сините од Лондон, „златната средина“ не е добар пласман, но со само една победа на последните осум лигашки мечеви, тоа им е реалноста.

Челзи има проблем на дербијата. Во последните три сезони, на „Стемфорд бриџ“ од големата англиска шесторка, поразен бил само Тотенхем. Против Сити и Арсенал, Челзи дома има три порази во последните три меча, против Манчестер јунајтед три ремија, против Ливерпул пораз и нерешено, а само со Тотенхем се во плус, имаат победа и две ремија.

Колку е очаен Челзи, можеби говори и податокот дека синоќа Пјер Емерик Обамејанг кој влезе во игра во 5-та минута на местото на повредениот Рахим Стерлинг, беше изваден во 68-ма. Освен Стерлинг, во прво полувреме се повреди и Кристијан Пулишиќ.

Да биде маката поголема, и следниот меч в недела им е против Сити, во ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести