Челзи заборави да победува, не може да совлада ни клуб од кој не загубил 89 години (Видео)

Челзи со ремито од 1-1 на гостувањето кај Брајтон, се оддалечи уште повеќе од некаква борба за титулата во Премиерлигата.

Првпат откако Томас Тухел е тренер на Челзи, тимот има серија од четири лигашки мечеви по ред без победа, а два од овие четири меча се против Брајтон.

Брајтон е единствениот тим во Премиерлигата против кој Челзи сезонава прима голови со шут со глава. На 29-ти декември во Лондон погоди Дани Велбек, вечерва Адам Вебстер. Сега 12 бода изнесува разликата во однос на Манчестер сити, а лидерот има и еден меч помалку од Сините.

Брајтон не знае за триумф над Челзи уште од далечниот јануари 1933 година, кога овие тимови се сретнале во ФА купот. Серијата е 17 меѓусебни мечеви по ред.

https://twitter.com/i/status/1483549979008552964

- Оглас -

Најнови вести