8.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Челзи загуби дома од Сандерленд, Њукасл подобар од Фулам (Видео)

Челзи доживеа непријатен пораз пред своите навивачи, губeјќи со 1-2 од Сандерленд на „Стемфорд Бриџ“ во натпреварот од деветтото коло на Премиер лигата.

Лондонскиот тим поведе рано во мечот, откако Алехандро Гарначо погоди уште во четвртата минута и го постигна својот прв гол за Челзи. Сепак, Сандерленд покажа дека не е наивен ривал и израмни во 22-та минута преку Французинот Вилсон Исидор.

Во второто полувреме, Челзи влезе силно и имаше неколку шанси за нов гол, но Сандерленд успешно ги одбиваше налетите. Кога се чинеше дека Сините ќе ја заокружат офанзивата, гостите искористија нова шанса и во 93-тата минута Кемсдине Талби го постави конечниот резултат, 1-2.


Со овој триумф, Сандерленд се искачи на второто место со 17 бодови, додека Челзи останува со 15.

Њукасл го совлада Фулам со 2-1. Тимот на Еди Хау дојде до триумф со головите на Џејкоб Марфи и Бруно Гимараеш, а победничкиот погодок дојде во 90-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести