Челзи загуби од Легија на „Стемфорд бриџ“, но, сепак, е во полуфиналето на Конференциската лига

Челзи доживеа неочекуван пораз на „Стемфорд бриџ“ од полската Легија (1-2), но обезбеди пласман во полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА благодарение на предноста од првиот натпревар.

Полскиот тим имаше неверојатна поддршка во Лондон, со навивачи кои создадоа атмосфера како на домашен терен. За Челзи ова беше прв европски пораз во сезоната.

Натпреварот започна динамично, а Легија поведе уште во десеттата минута со погодок од пенал на Пекарт, по прекршок на Јоргенсен. Сините израмнија преку Кукуреља во 33-та минута, а истиот играч постигна уште еден гол пред крајот на полувремето, но истиот беше поништен по ВАР интервенција.

Во второто полувреме, гостите повторно дојдоа до водство преку Капуади во 53-та минута. Челзи презеде контрола и создаваше шанси, но не успеа да стигне до израмнување.

Во полуфиналето, лондонскиот тим ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Рапид Виена и Ѓурѓарден, во обид да стигне до првото европско финале под водство на Енцо Мареска.

- Оглас -

Најнови вести