Челзи е прв финалист на Светското клупско првенство, откако вечерва во Њу Џерси го победи Флуминенсе со 2-0.
Ова значи дека на првото СКП ќе има европско финале. Јунак на првото полуфинале беше Бразилецот Жоао Педро кој кариерата ја почна токму во Флуминенсе, а против нив даде два убави гола во дресот на неговиот нов клуб.
Жоао Педро е првиот играч на Челзи по Мичи Батшуаи од 2016 година кој на првиот старт во дресот на лондонските Сини постигнал два гола. Ова беа први негови голови за Челзи, но ќе почека до првото славје, вечерва после головите креваше раце во знак на извинување до фановите на неговиот матичен клуб.
Флуминенсе кој е шести во моментов на табелата во бразилската Серија А, ги елиминираше Интер Милано и Ал-Хилал, но тимот во кој се 40-годишниот Тијаго Силва (поранешен капитен на Челзи) и 44-годишниот Фабио, немаше сили за уште еден подвиг.
За Челзи ова беше трети меч против бразилски тим на ова СКП. Флу беше блиску до гол во првото полувреме, но најпрвин Марк Кукурелја ја исфрли топката од гол-линијата и го спаси Челзи, а потоа беше досуден пенал за Бразилците, но судијата ја преиначи одлуката по консултација со ВАР.
На „Метлајф“ имаше 70.556 гледачи што е одлична посета, но трибините пак не беа испонето до последно место.
Ова е голот на Педро за 2-0 по кој беше повлечен од игра и остана без шанса можеби и за хет-трик:
56′ JOÃO PEDRO HAS DONE IT AGAIN! ⚽️⚽️
A brace in his first @ChelseaFC start, two absolute bangers. The Brazilian wonderkid is making serious noise. 💫🇧🇷
Watch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUtwwb | #FIFACWC #TakeItToTheWorld #FLUCHE pic.twitter.com/ornUPa0dUe
— DAZN Football (@DAZNFootball) July 8, 2025