Челзи ја обнови соработката со англискиот репрезентативец Рубен Лофтус-Чик до јуни 2024 година. Иако играчот за врска нема да се врати на терените до крајот на 2019 година бидејќи закрепнува од повреда на Ахиловата тетива, си ја обезбеди иднината на „Стемфорд бриџ“ откако ја оправда довербата во вториот дел од минатата сезона кај сега веќе екстренерот Маурицио Сари.
Лофтус-Чик воедно доби и големо покачување на платата, во наредните пет години ќе зарботува по 150.000 фунти неделно, што е двојно повеќе од износот според претходниот договор.
Англиските медиуми дополнително информираа дека во просториите на лондонскиот клуб ќе има уште еден потпис на соработка. Наводно, среда е денот кога Френк Лампард ќе биде назначен за нов предвоник на Сините, а во најскоро време нов договор треба да потпише и младиот Калум Хадсон-Одои.