Хетафе најчесто губи од Атлетико уште пред да почне мадридското дерби

Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм (Бундеслига Германија, 15.30 часот)

Во Хофенхајм започнува пост-ерата во Бундеслигата без Јулијан Нагелсман, стратег кој имаше одлични резултати со Бундеслигашот, а денеска во Франкфурт на клупата ќе дебитира Холанѓанецот Алфред Шредер.

Секако дебито ќе биде во Бундеслигата, бидејќи Шредер веќе го предводеше Хофенхајм на официјален меч, против Вирцбургер во националниот куп на Германија и стартот не беше на очекуваното ниво. Хофенхајм едвај на пенали го елиминираше третолигашот, па денеска се очекува многу подобра претстава на премиерниот меч за нив во германското првенство.

Од клубот летово си заминаа неколку играчи. Меѓу нив најзначајни имиња се Жоелинтон, кој замина во Њукасл, Шулц во Борусија Дортмунд и Демирбеј кој игра за Баер Леверкузен.

Самасеку, Сков и Бебу ќе се обидат да ги заменат, а прв вистински тест за европските амбиции што ги има Хофенхајм е денешниот меч со Ајнтрахт.

Популарните „орли“ имаат слични проблеми, а ќе мора да најдат чаре како да се замени убиствениот тандем Јовиќ-Халер кои беа продадени на Реал Мадрид, односно на Вест Хем за вкупно 100 милиони евра. Ајнтрахт не купи играчи од тој калибар, па ќе се потпре на проверените сили.

Двете екипи имаат традиција на мечеви со многу голови, па ќе типуваме дека така ќе биде и денеска на „Комерцбанк“ арената во Франкфурт.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.64)

 

Челзи – Лестер (Премиерлига Англија, 17.30 часот)

Челзи претрпе два порази откако тренер им е Френк Лампард, но остави многу подобар впечаток на теренот, во однос на резултатите.

Загубено беше дербито со Манчестер јунајтед во првото коло од Премиерлигата, а потоа дојде и поразот на пенали од Ливерпул во Суперкупот на Европа.

Кај клубот од Лондон почна ерата без Еден Азар, проблем им прави ветото за трансфери, но сепак имаат добар тим и неколку одлични млади играчи, кои најавија блескава иднина.

Лестер осетно се засили во офанзивниот дел со доаѓањето на Ајозе Перес, а се очекува во тандем со Џејми Варди често да ги тресат противничките мрежи. Така не беше на стартот против Вулверхемптон, па Лестер ќе се обиде за првпат во новото издание на Премиерлигата да ја затресе противничката мрежа, во Лондон, против Челзи.

Иако на последните меѓусебни дуели играа од 0-1 гол, сега очекуваме поофанзивен фудбал и голови, со предност за домаќинот.

Предлог тип: Т1 2+&ГГ (2.90)

 

Унион Берлин – РБ Лајпциг (Бундеслига Германија, 18.00 часот)

Унион Берлин ќе го игра првиот меч во Бундеслигата, откако во ланското првенство се промовира како нов прволигаш и веднаш на стартот има супер-атрактивен противник.

Стартот на новата сезона за тимот од Берлин беше импресивен со победа од 6:0 во германскиот куп, па Урс Фишер ќе нареди офанзива од почеток и против фаворитот Лајпциг. Во Берлин се подготвува спектакл за првиот меч на Унион во Бундеслигата.

На спротивната страна ќе дебитира и еден од најдобрите млади тренери во Европа, Јулијан Нагелсман, а на стартот на официјалната сезона имаше многу мака против Оснабрик во купот.

Лајпциг победи со 3:2, но и стравуваше за победата против второлигашот. И денеска ќе играат на гости, а проблем им се повредите. Волф сигурно нема да игра, а веројатно стартот ќе го прошуштат и Упамекано, Кампл, Сабицер, Огустин, Конате…

Лајпциг е фаворит за победа, ќе типуваме дека ќе даде гол(ови), но и ќе прими, во меч што е многу позначаен за Унион Берлин.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.98)

 

Рен – ПСЖ (Франција Лига 1, 21 часот)

Рен и Пари Сен Жермен си создадоа неочекувано ривалство во ланската сезона и на почетокот на оваа, а си поделија по една победа за трофеј.

Рен го изненади фаворитот во купот на Франција и го освои пехарот, но ПСЖ се реваншираше со победа во Суперкупот на Франција, што се играше во Шенжен, Кина.

Сега на ред е нов дуел, овојпат во второто коло во француското првенство и тоа на „Роажон парк“ во Рен.

Гостите секако ќе играат без Нејмар, играч за кој се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата. И без него ПСЖ има дрим-тим, а го предводи еден од најдобрите светски напаѓачи Килијан Мбапе.

Рен чека голови од одличниот Мбаје Нијанг, а нема да игра вториот напаѓач Флавиен Тајт, кој беше исклучен на дуелот со Монпелје.

Двете екипи стартуваа со победа, имаат супер традиција да даваат и примаат голови во меѓусебните дуели, на последните 7 од 8 мечеви имаше гол-гол и 3+, па и сега треба да биде ефикасно, со предност за гостите од Париз.

Предлог тип: 2-2&2+ (2.25)

 

Атлетико Мадрид – Хетафе (Шпанија Ла Лига, 22 часот)

Атлетико Мадрид го продаде првиот стрелец Антоан Гризман, повреден е Диего Коста, но „јорганџиите“ пак имаат одличен тим.

Сензацијата Жоао Феликс блескаше во претсезоната, а на „Ванда Метрополитано“ пристигнаа уште неколку одлични фудбалери од калибарот на Кјеран Трипие, Маркос Љоренте, Хермосо, Лоди… па повторно Атлетико ќе атакува на највисоки цели и во Ла Лига и во Лигата на шампионите.

Домаќините се апсолутни фаворити во градското дерби против ланското освежување во Ла Лига, Хетафе.

Хозе Бордалас правеше чуда со своите избраници и за влакно не успеа да го доведе тимот до позиција што води во ЛШ.

Хетафе ќе игра во Европа Лигата, но не игра добро на домашната сцена против Атлетико. На последните 15 мечеви против „јорганџиите“ не успеваа да постигнат гол, а имаат 13 порази и две ремија без голови. И што е уште поинтересно последните 9 меча ги загубија, а Атлетико победуваше или со 1:0, или со 2:0.

Предлог тип: 1&2-4 гола (2.30)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести