Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чемберлен, во последен момент се премисли и нема да потпише за Ал-Етифак од Саудиска Арабија.
Неговата желба беше да остане на Островот, но не доби понуда каква што очекуваше иако за него имаше интерес од Астон вила.
Сега фудбалерот е пред изненадувачки трансфер, и тоа во турскиот гигант Бешикташ. Преговорите помеѓу менаџерскиот тим на фудбалерот и екипата од Турција се веќе започнати и според информациите, Бешикташ има доставено најбогата понуда.
Сепак, до крајот на преодниот рок има уште три седмици, па не е исклучено фудбалерот повторно да се премисли.