Чекор назад за Црвена звезда која е поразена во Берлин, Барса го „растури“ Фенербахче

Кошаркарите на Црвена Звезда изгубија од Алба Берлин на гости со 74:70 во еден од петте натпревари од 32-то коло во кошаркарската Евролига.

Првакот на Србија направи чекор назад во борбата за плеј оф бидејќи сега се оддалечи од осмото место кое што носи таму.

Мадоло Ло со 22 поени беше најефикасниот кај домаќините кои исто така влегоа во борба за завршницата. Алба сега е десетто пласирана со скор од 10-14, додека тимот од Белград е под број девет (11-14).

Во дербито, барем според имињата, Барселона Убедливо го победи Фенербахче со 88:67. Алекс Абрињес и Никола Миротиќ беа најефикасни со по 18 поени.

РЕЗУЛТАТИ

Монако – Басконија 78:68

Алба Берлин – Црвена звезда 74:70

АСВЕЛ – Олимпијакос 80:94

Барселона – Фенербахче 88:67

- Оглас -

Најнови вести