Хрватската ракометна репрезентација е една од фаворитите за највисок пласман на Светското првенство кое започна вчера во Египет. Коцкестите утре ќе го играат првиот меч од групата, против аутсајдерот Јапонија. Дилемата пред овој меч е само со колку разлика ќе победи фаворитот.
Селекторот на Хрватска, Лино Червар, пред мечот со Јапонија многу повеќе зборуваше за чудните услови кои се во Египет.
„Што да ви кажам за организацијата… Кога одиме на тренинг, околу нас гледаме шест оклопни возила, како да одиме во војна. Многу е комплицирано. Никогаш не сум присуствувал на вакво натпреварување. Не ни е лесно, како да се плашиш дека нешто лошо ќе се случи. Тешко е, но момците полека се прилагодуваат и едвај чекаме да почне првиот меч“, рече Червар, кој во минатото беше селектор и на македонската репрезентација.