За разлика од Македонија која ќе мора да добие два меча на гости (прво против Данска, а потоа и против Чешка или Република Ирска) за да дојде до фудбалското Светско првенство, селекцијата на Чешка треба да слави двапати на домашен терен за да дојде до СП.
Чесите се можен ривал на Македонија во финалето и компјутерските симулации пресметале дека Чешка има 34, а Македонија само 4 проценти шанси за пласман на СП.
Селекцијата на Чешка е своевиден феномен, бидејќи откако се осамостои и е примена во ФИФА и УЕФА, играла на сите европски првенства, но само еднаш (во 2006 година) била учесник на Светско. Сега имаат убава прилика со две победи дома да се појават на СП и да ги разбијат малерот, но ќе мора да слават против Ирска, и потоа против Данска или Македонија.

